Free Essay

Upatstvo

In: Business and Management

Submitted By kliments
Words 1204
Pages 5
УПАТСТВО
За пишување на семинарска работа

Семинарската работа подразбира обработка на одредена тема која се заснова на објаснувања и истражувања поткрепени со употреба на домашна и странска литература која ни дава точни информации во врска со темата која се обработува. Ваквото истражување би му помогнало на секој студент да добие методолошки (научен) пристап во анализа на одреден проблем. Освен тоа, семинарската работа има за цел и да ве поттикне на социјализација и колективна тимска работа. Тимската работа во секој сектор, а посебно во IT секторот е од особено значење. Затоа семинарската работа треба да се работи во групи од по 2 студенти (редовни и вонредни без ограничувања). За пријавување на семинарската работа ќе се користи порталот за е-учење за предметот Интернет Технологии, во секцијата форуми како одговор на започнатата дискусија на дадената тема за семинарската работа. Во одговорот треба да бидат дадени следниве податоци за секој од учесниците во групата: име и презиме, број на индекс и email.

Семинарската работа треба да содржи мин. 15 страници (тука не спаѓаат:насловната страница, содржината и апстрактот). Треба да се предаде во електронски форма на CD и во хартиена форма. CD-то кое се предава треба задолжително да ги содржи следниве информации кои треба да бидат напишани на CD-то или на неговата обвивка: • Име на предметот • Наслов на семинарската работа • Автори со име и презиме и број на индекс • Датум на предавање
На CD-то освен електронската верзија на семинарската работа треба да се снимат и сите мултимедијални прилози (видеа, анимации, и сл.), дијаграми, проекти направени во одреден програм (нормално ако постојат).

За семинарската работа се оценуваат следниве работи: • Структура на семинарската работа • Комплетност • Квалитет • Референци • Доставување во рок (за оние семинарски кои имаат временско ограничување) • Оригиналност

Критериуми кои негативно ќе се оценуваат и треба да се одбегнуваат: • Просто преведување и целосно препишување (од една библиографска референца или од предавања) на целокупната содржина на семинарската работа.

Во продолжение е дадено упатство според кое треба да се изработи семинарската работа по предметот Интернет Технологии. Упатството воедно е образец како треба да изгледа семинарската работа.

Семинарската треба да ја има следнава структура: ▪ Насловна страна ▪ Содржина (страницата со содржина не треба да се нумерира) ▪ Апстракт (страницата со апстракт не треба да се нумерира) ▪ Вовед ▪ Тело на семинарската работа ▪ Заклучок ▪ Користена литература

|[pic] |УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП |
| | |
| |ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА |

СЕМИНАРСКА РАБОТА

по предметот
Интернет Технологии

(Тука треба да стои насловот на семинарската работа)

|Предметен наставник: |Кандидат(и): |
|Доц. д-р Наташа Коцески |(име и презиме) |
| |број на индекс: |
| |e-mail: |

Штип/Струмица/Берово (месец, година)

Содржина

Апстракт 5

1 Вовед 6

2 Тело на семинарската работа 6

2.1 Изглед на страница 6 2.2 Наслови 6 2.3 Формули 6 2.4 Табели 6 2.5 Слики 7

3 Заклучок 8

4 Користена литература 9

Апстракт

Апстрактот е скратена верзија на целокупниот труд. Содржи краток и концизен опис на целите на трудот, начинот на кој е изработен, добиените резултати и значењето на добиените резултати. Апстрактот треба на читателот да му даде претстава за трудот. Апстрактот се пишува само во еден параграф. Страницата која го содржи апстрактот не треба да се нумерира.

Вовед

Во воведот се изложува целта на семинарската работа, користената методологија и методи, како и содржината на документот. Пример: Во главата 2 е опишан системот...., во главата 3 е презентиран алгоритам за ..., додека во главата 7 е заклучокот од ... итн.

Тело на семинарската работа

1 Изглед на страница

Семинарската работа се пишува на хартија со формат А4, со стандардни маргини (2,54 cm). Се пишува со употреба на Arial со МК поддршка за кирилско писмо и Arial со EN поддршка за латинично писмо, со големина на буквите 12 (font size), со проред 1 (line spacing: Single), простор (spacing) над пасусот 6 pt (before), под пасусот 0 pt (after), со вовлечена прва линија на пасусот од 1,27 cm (First line) и со израмнување на текстот од двете страни (Alignment justify). Нумерирање на страниците треба да биде во средината од дното на секоја страница. Главниот текст се пишува со стилот NORMAL.

2 Наслови

Насловот треба да го опишува текстот кој следи после него. За пишување на насловите во семинарската се користат предефинираните стилови и тоа: Heading 1, Heading 2, Heading 3 и Heading 4.

3 Формули

Сите формули и математички изрази треба да се нумерираат од нивната десна страна (до десната маргина). Нумерацијата се состои од два броја во мали загради со точка меѓу нив (x.y). Бројот x е бројот на главата во која се наоѓа формулата, а бројот y е редниот број на формулата. Израмнувањето на равенките треба да е центрирано (Alignment Centered).

[pic] (3.1)

4 Табели

Над секоја табела стои нејзин број и наслов на табелата (насловот треба јасно да ја прикажува содржината на табелата). Израмнувањето на текстот треба да е центрирано. Нумерацијата е слична како и кај формулите (пр: Табела 2.4.).
Секоја табела која е ставена во текстот мора да биде објаснета. Кога во текстот се објаснува некоја табела, јасно се наведува за која табела станува збор (пр: во Табела 2.4 е дадена.....).

5 Слики

Под секоја слика, шема или дијаграм стои нејзин број и наслов на сликата (насловот треба јасно да ја прикажува содржината на сликата). Израмнувањето на текстот треба да е центрирано. Нумерацијата е слична како и кај формулите (пр: Слика 2.5.).
Секоја слика која е ставена во текстот мора да биде објаснета. Кога во текстот се објаснува некоја слика, јасно се наведува за која слика станува збор (пр: на Слика 2.5 е претставена....).

Заклучок

Заклучок – резиме на обработената тема во кој се сумираат сознанијата до кои е дојдено за време на изработката на семинарската тема и истовремено место каде треба да се остави основната порака зошто темата е одбрана. Тој треба да биде краток, јасен и ефектен.

Користена литература

Користената литература се пишува на крајот од семинарската тема. Содржи список на референци (книги, трудови од списанија или советувања, студии, електронски извори и др.) кои студентот ги користел при изработката на семинарската работа. Литературата се наведува на следниот начин:

• Книга: презиме и име на авторот (или иницијали од името), наслов на книгата, издавач, место и година. Пр:
1] G. Strang, T. Nguyen, Wavelets and Filter Banks, Wellesley-Cambridge Press, 1996.

• Труд во списание: презиме и име на авторот (или иницијали од името), наслов на трудот, назив на списанието, број, страници на која се наоѓа трудот (од-до), година на издавање. Пр:
2] S. Mallat, S. Zhong “Characterization of Signals from Multiscale Edges” IEEE Trans. on Pattern Analysis and Machine Intelligence, vol. 14, No. 7, Jul. 1992.

• Труд објавен во зборник од конференција: презиме и име на авторот (или иницијали од името), наслов на рефератот, назив на конференцијата, број на зборник, страна на која се наоѓа рефератот (од-до), место, година на издавање.Пр:
3] S. Bogdanova, M. Kostov, M. Bogdanov, “Design of QMF Banks with Reduced Number of Iterations”, IEEE Int. Conf. on Signal Processing, Application and Technology, ICSPAT ’99, Orlando, USA, Nov. 1999.

• Електронски извор (Internet): се наведува името на авторот (ако постои), наслов на веб статијата, полна адреса на која се наоѓа изворот и датум на објавување (ако постои). Пр:
4] http://www.beyonddiscovery.org.
5] Lecture notes (Mathematical Methods for Computer Graphics), http://graphics.stanford.edu/courses/cs448-97-fall/notes.html.…...

Similar Documents